Познати се тројцата ракометари кои што нема да играат утре

Червар ги „отпиша“ Митревски, Пешевски и Арнаудовски за Тунис

Селекторот на нашата репрезентација на утрешниот меч одлучи дека нема да му бидат потребни голманот на Бенфика, пикерот на Металург и левиот бек на Ферлах

објавено: 11 јануари 2017 - 19:10

Никола Митревски, Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски нема да настапат на утрешниот меч против Тунис.

Селекторот на нашата репрезентација, Лино Червар го скрати списокот на 16 ракометари кои што ќе играат против оваа африканска селекција.

Одлуката на Червар да не смета на услугите на Митревски можеби е најголемото изненадување. Покрај него, утре на теренот нема да излезат ниту пикерот на Металург Марковски, како и левиот бек на австрискиот Ферлах, Ристо Арнаудовски.

Мечот меѓу Македонија и Тунис е со почеток во 17:45 часот.

Најново во Ракомет