Хрватскиот стратег го објави списокот

Червар изненади: Повик за Арнаудовски, Митревски „прескокнат“

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го обајви списокот од 28 играчи за квалификациските мечеви против Украина и Чешка за паласман на ЕП 2018.

објавено: 21 октомври 2016 - 13:41

Селекторот на националниот тим, Лино Червар го објави списокот за квалификациските дуели против Украина (2. ноември во Скопје) и Чешка (5. ноември во Плзен) за Европското првенство во Хрватска во 2018 година.

Вистинско изненадување е повиокот за Ристо Арнаудовски, играчот на Ферлах. Искусниот стратег овој пат одлучи да го прескокне Никола Митревски, кој брани во Бенфика. Овој список важи само за првите два средби и од него ќе можат да се селектираат 16. играчи со кои ќе може да настапи. 

Во нашата квалификациска група покрај овие два тима се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

 

Најново во Ракомет