Познат е скратениот список за квалификациските дуели

Червар изненади: Шанса за Тасески и Поповски

Селекторот на репрезентацијата, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари што ги повика за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП Хрватска 2018.

објавено: 25 октомври 2016 - 13:54

Селекторот на репрезентацијата, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП Хрватска 2018.

Покрај повикот за Ристо Арнаудовски, предводникот на „црвено-жолтите“ одлучи да им даде шанса на пикерот на Пелистер, Иван Тасески и крилото на Вардар, Мартин Поповски, кои доѓаат на местото на Жарко Пешевски и Никола Костески.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 30 октомври 2016 (недела) со почеток од 16:30 часот. 

Првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 нашата репрезентација ќе го одигра на 2 ноември во Скопје против Украина, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Барселона), Златко Даскалоски (Темишвар), Мартин Томовски (Металург)

ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (РНЛ), Гоце Ојлески (Одорхеи)

ЛЕВИ/ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Талески (Металург), Филип Кузмановски (Металург), Марко Нелоски (Металург), Филип Лазаров (Темишвар), Велко Маркоски (ППД Загреб), Аце Јоновски (Бергишер), Ристо Арнаудовски (Ферлах), Немања Прибак (Бешикташ)

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Мартин Велковски (Металург)

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Вардар)
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази), Иван Тасевски (Пелистер)

Најново во Ракомет