Хрватот се обрати пред медиумите од таа држава

Червар: Не ми е лесно, со денови не спијам

„Мене не ми е нималку лесно, мене ми е најтешко. Морам да признаам дека не спијам и морам да донесам одлука" изјави сè уште актуелниот селектор на Македонија

објавено: 8 март 2017 - 14:02

Во претпладневните часови хрватските медиуми соопштија дека постигнат е договор меѓу Лино Червар и Хрватската ракометна федерација и дека тој ќе биде нов нивни селектор.

По завршениот состанок стана јасно дека во наредните денови, се уште актуелниот предводник на Македонија ќе биде претставен како нов „изборник" на „каубоите" за претстојното Европско првенство.

Лино за интернет порталот „24сата.хр" ја даде првата целосна изјава по завршениот состанок.

„Мене не ми е лесно, мене ми е најтешко. Морам да признаам и дека не спијам добро бидејќи морам да донесам одлука. Во Македонија сум седум години, луѓето одлично ме прифатија, направив големи работи за нивниот ракомет и не ми е лесно. Затоа морам да донесам одлука и да бидам коректен спрема луѓето во Македонија и во Хрватска. Ова не е нималку лесна ситуација и молам за трпение" изјави Червар.

Според информациите од медиумите од Хрватска, Лино се согласил да ја презеде селекторската функција, но, претходно сака да ги заврши квалификациските натпревари со „црвено-жолтите", впрочем затоа и уште од денеска не е претставен како нов предводник.

Целата оваа сага ќе се заврши во текот на наредната недела кога ќе биде и неговото официјално претставување како нов селектор на Хрватска.

Најново во Ракомет