ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ НОВ РАКОМЕТЕН СПЕКТАКЛ, МАКЕДОНИЈА-ТУРЦИЈА

„Чкембари“ најавија: Да се знае што е битолски пекол!!!

Без сомнение очекуваме полни трибини в четврток од 20:15 часот на првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Турција.

објавено: 23 октомври 2018 - 18:16

Секако нашата селекција во салата „Боро Чурлевски" ја имаат фаворитската улога, но тоа селекторот Раул Гонзалез и играчите треба само да го потврдат на теренот.

Оваа сала своевремено знаела да направи вистинска спортска атмосфера, да се даде неопходната поддршка на својот клуб или репрезентација.

Навивачката група „Чкембари" исто така се е свесна после 15 години имаме репрезентативен настап во градот Битола, во овој случај Македонија-Турција.

Овие денови владее ракометна еуфорија, а од градот на конзулите кратко, јасно и едноставно се огласија „Чкембари": „БИТОЛСКИ ПЕКОЛ"!!!

Најново во Ракомет