Убедлив пораз за нашата млада селекција

„Црвено-жолт“ дебакл од Унгарија

Нашата млада женска репрезентација во првиот квалификациски меч за Европското првенство беше убедливо поразена од Унгарија со 18:33

објавено: 17 март 2017 - 20:54

Младата женска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Унгарија со 18:33 во првиот квалификациски натпревар за Европското првенсто во Словенија.
Нашите девојки не успеаа да направат изненадување против фаворизираниот противник, кој едноставно немаше милост, особено во второто полувреме. До заминувањето на пауза меѓу двете полувремиња, Македонија имаше некаков резултатски приклучок и губевме со 7:11.

Сепак, во второто полувреме следеше вистински бродолом од наша страна. А тоа селекција како Унгарија знае да го искористи. На крајот, конечниот резултат изнесуваше 18:33 и ова треба да биде предупредување за репрезентативките, но, и за селекторот Борче Марковски, пред денешниот меч до Молдавија кој исто така се игра од 19:30.

Најефикасна ракометарка кај нас беше Леонида Гичевска со седум погодоци, додека кај Унгарките Мартон имаше девет голови од десет упатени удари.

Утрешниот наш противник е Молдавија, која исто така доживеа убедлив пораз, но, од Фарски Острови. Најдобрите две репрезентации од оваа четворка ќе обезбедат настап на ЕП во Словенија.

Најново во Ракомет