Одличен прв меч на нашите младинци

„Црвено-жолта фурија“

Фантастичното прво полувреме во кое Македонија поведе со 16:8, нашата селекција на крајот победи со 30:22

објавено: 4 јануари 2017 - 19:08

Младата ракометна репрезентација на Македонија имаше фуриозен почеток во квалификацискиот турнир кој се игра во „Кале", за Светското првенство идната година во Алжир. „Црвено-жолтите" во првиот меч ја совладаа Полска со (пре)убедливи 30:22. Уште на самиот почеток момците на Темелковски направија недостижна разлика и прикажаа игра која што многу ветува.

Благодарение на Нелоски и Арсеновски, нашата селекција во 5. минута поведе со 2:0, а потоа следеше вистинска канонада по полскиот гол. Некаде на средината на полувремето, нашите јуниори стигнаа и до 11:4, за на пауза да заминеме со позитива од 16:08.

Во продолжението, очекувано следеше мала криза во играта на Македонците, но, тоа и да не се одрази врз резултатот. На голот го имавме фантастичниот Даниловски кој со неколку маестрални одбрани ги откажа Полјаците.
На само пет минути пред звукот на сирената, „црвено-жолтите" се одвоија на 27:18, и прашањето околу победникот беше веќе познато. Конечни 30:22 и голема радост во таборот на нашиот тим.

Шилегов со осум погодоци беше најефикасен напред, додека на голот одлични беа Томовски со осум интервенции, како и Даниловски кој стигна до бројката од седум.
Утрешната средба против Португалија (17:45 ч.) бидејќи тоа ќе биде дуел на двете првопласирани селекции во третата група.

Најново во Ракомет