СЕЛЕКТОРОТ ГОНЗАЛЕЗ ПАТУВА СО 17 РАКОМЕТАРИ ВО РОМАНИЈА

Даскалоски е „џокерот“ за реваншот

Нема промени во составот на репрезентацијата од првиот меч со Романија, но во Клуж патува и третиот голман Златко Даскалоски.

објавено: 12 јуни 2018 - 08:42

Македонија на реванш мечот против Романија, во Клуж утре попладне, најверојатно ќе истрача во ист состав како неделниот меч во Скопје.

Сепак селекторот Раул Гонзалез одлучи во делегацијата која патува за Романија да биде и третиот голман на репрезентацијата Златко Даскалоски, односно на располагање да има 17 ракометари.

Македонија утринава со чартер патува за Клуж, каде утре (17:30 часот) го игра реваншот со Романија, кој треба да го потврди пласманот на СП 2019 во Данска и Германија.

Ракометарите попладнево ќе одработат и тренинг во салата „Хореа Демјан“ во која утре ќе ги измерат силите со Романија.

Најново во Ракомет