НА ДЕСНИОТ БЕК МУ ПРЕЧАТ ТЕКСТОВИТЕ ВО НАШИТЕ МЕДИУМИ

Доленец: Македонци што се палите? Словенија секогаш ве „мачкала“!

Репрезентативецот на Словенија и член на Барселона, Јуре Доленец во последните неколку дена беше актуелен и во европските и македонските медиумите. Десниот бек на првиот противник на нашата репрезентација на Европското првенство, заврши во болница на артроскопска операција на менискусот.  

објавено: 11 ноември 2017 - 08:55

Репрезентативецот на Словенија и член на Барселона, Јуре Доленец во последните неколку дена беше актуелен и во европските и во македонските медиумите. Десниот бек на првиот противник на нашата репрезентација на Европското првенство, заврши во болница на артроскопска операција на менискусот.

Деленец за кого беше најавувано дека нема да биде фит до стартот на континенталното натпреварување, од болница испрати порака до нас Македонците. Шокиран од долгата пауза што го чека, како и бројните повреди кои го мачат Веселин Вујовиќ токму на оваа позиција, ракометарот на Барселона порача дека ќе не победат, бидејќи сите претходно важни мечеви завршувале во корист на Словенците.

„Се надевам дека на крајот сите повредени ракометари ќе бидат на располагање на Вујовиќ. Чудно е што Македонците најмногу се занимаваат со тие математики. Ние нив ги победивме на сите поважни натпревари минативе години. Последен пат загубивме на ЕП Србија во 2012 кога во тимот имавме 12 дебитанти. Но, нека се палат, ќе видиме како ќе биде", изјави Доленец за словенечкиот весник Дело.

Македонија и Словенија силите ќе ги одмерат на 13 јануари во рамките на првото коло од групната фаза. 

 

Најново во Ракомет