„ЗБОРНАЈА“ ГО ИСКОРИСТИ ПРЕПОЛОВЕНИОТ ТИМ НА ГОНЗАЛЕЗ

Едно добро и едно лошо полувреме: Македонија поразена од Русија

Македонската репрезентација е поразена на пријателскиот натпревар против Русија со 27-32 (19-15). 

објавено: 7 април 2018 - 19:07

Одлично прво и слабо второ полувреме е конечниот епилог на македонската репрезентација на пријателскиот дуел со Русија од скромните информации кои ги добивме од официјалната „Фејсбук“ страница на РФМ, на барање на противникот мечот не само што се играше под затворени врати, имаше забрана за присуство на новинари.

Избраниците на Раул Гонзалез иако на полувремето имале водство 19-15, сепак на крајот се поразени со 27-32.

Овој резултат е очекуван особено ако се земе во предвид дека во составот ги немавме капитенот Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, а на овој собир не беа повикани Филип Миркуловски, Ацо Јоновски и Филип Лазаров. Шпанскиот стратег одлучи шанса да им даде на помладите ракометари кои во иднина мора да бидат подготвени за големите предизвици.

Со пријателскиот меч со Русија официјално завршува ЕХФ неделата за македонската репрезентација која во јуни ја очекува бараж мечот против Романија за пласман на СП следната година. 

Најново во Ракомет