ВО ПРЕСРЕТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2020

ЕХФ НÈ ПОТЦЕНУВА: Исланд пред Македонија?

Пред стартот на неделата резервирана за репрезентациите, односно квалификациите за пласман на континенталното натпреварување во 2020 година, ЕХФ издвои десет земји кои се во одлична форма и ќе имаат перфектен старт. 

објавено: 19 октомври 2018 - 15:00

Исланд пред Македонија, ова е оценката на ЕХФ пред стартот на квалификациските дуели за пласман на Европското првенство во 2020 година. Од европската ракометна куќа направија Топ 10 листа на репрезентации кои се во одлична форма и со сигурност ќе имаат перфектен старт во битката за континенталното натпреварување кое ќе се одржи во три земји Шведска, Австрија и Норвешка.

Иако Македонија во првите два меча ќе ги одмери силите со Турција, а потоа и Грција, сепак во оваа четворка ЕХФ предност им даде на Ислаѓаните кои исто така се во нашата група.

„Не поминаа добро во баражот за СП против Литванија, но Гудмундур Гудмундсон го преживеа првиот тест во неговиот трет мандат на клупата на Исланд и очекуваме да се вратат во добра форма. Арон Палмарсон игра во одлична форма и ќе ги предводи тимот кој го чекаат три теста на патувањата на Балканот“, се вели во обајснувањето на ЕХФ.

На првото место на листата на ЕХФ се најде Франција, по што следуваат Данска, Хрватска, Германија, Русија, Србија, Исланд, Унгарија, Словенија и Чешка.

Собирот на ракометари за дуелите со Турција и со Грција е закажан в понеделник, 16:30 часот, во хотел „Александар Палас" во Скопје. Против Турција играме на 25 октомври во Битола, три дена подоцна и гостуваме на Грција во Кожани. 

  

Најново во Ракомет