ФАНОВИТЕ ГО ПРЕДВОДЕА АВТОБУСОТ НА РАКОМЕТАРИТЕ

„Фалангата“ го живна Загреб: Пазете се доаѓаат опасните Македонци (ФОТО)

Фановите на македонската репрезентација денеска ги има во мал број, но затоа утре се очекува Арената Загреб да биде обоена во „црвено-жолто“. Дел од „Фалангата“ која веќе е во Загреб заедно со хрватската полиција го предводеше автобусот на нашите ракометари, буквално го заживеа сивилото кое виси над главниот град на Хрватска. 

објавено: 12 јануари 2018 - 13:50

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

Фановите на македонската репрезентација денеска ги има во мал број, но затоа утре се очекува Арената Загреб да биде обоена во „црвено-жолто". Дел од „Фалангата" која веќе е во Загреб заедно со хрватската полиција го предводеше автобусот на нашите ракометари и буквално го заживеа сивилото кое виси над главниот град на Хрватска.

Засега во Загреб не може да се почуствува дека од утре ќе се игра ракомет. Најавата за еден ваков голем спектакл е скромна, ретко може да се видат билборди со знакот на ЕП. Само ако дојдете до Арена Загреб, тогаш веќе ќе ви стане јасно дека во овој град се случуваше нешто големо.

И организацијата е хаотична...да се надеваме дека работите наскоро ќе се променат.

 

Најново во Ракомет