Очекувано, сениорите привлекоа голем интерес

"Фалангата" им посака среќа на ракометарите (ФОТО)

Околу 1.000 навивачи дојдоа да ги отпоздрават "црвено-жолтите" на контролниот меч против Босна и Херцеговина

објавено: 3 јануари 2017 - 17:59

Ракометната репрезентација на Македонија во овие моменти во СРЦ "Кале" го игра контролниот меч против Босна и Херцеговина.

На единствената отворена средба, од трите договорени нашата селекција очекувано имаше голема поддршка.

СРЦ "Кале" е навистина одлично пополнет со оглед на квалитетот на противникот.

Македонската публика дојде во голем број и им посака многу среќа на ракометарите во Франција.

Најново во Ракомет