ВЕРНИТЕ НАВИВАЧИ СЕКАДЕ ПАТУВААТ

„Фалангата“ пристигна во Плзен (Фото)

Македонската репрезентација ќе има поддршка од повеќе од 100 навивачи

објавено: 5 ноември 2016 - 13:28

Над сто навивачи ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација во Плзен попладнево. Пред салата „Локомотив", предмалку пристигна првиот автобус со навивачи, групата која доаѓа од Австрија, околу педесетина навивачи.

Вториот автобус кој во секој момент треба да стигне е дојден од Скопје, исто така со педесетина припадници на „Фаланга", а има и индивидуални гости македонскиот тим. Тоа значи дека „црвено-жолтите“ нема да бидат без поддршка, во салата која собира околу 2.500 гледачи. 

Најново во Ракомет