СЕЛЕКТОРОТ ОБРВАН ИЗБРА ЗА ЕХФ НЕДЕЛАТА

Филип Кузмановски првпат на собир со сениорите

Бекот на Металург, Филип Кузмановски првпат ќе има шанса да биде дел од сениорската репрезентација на Македонија откако селекторот Ивица Обрван го повика за настап на турнирот во Умаг, Хрватска. На списокот од 18 играчи единствениот нов играч е Кузмановски, а повратник е Милорад Куковски.

објавено: 15 октомври 2015 - 13:35


Иако го немаше на прелиминарниот список од 28 играчи за ЕП во Полска, селекторот Обрван реши да му даде шанса на Кузмановски да биде дел од подготовките. Во склоп на ЕХФ неделата од 2 до 8 ноември, Македонија ќе настапи на турнир во Умаг, Хрватска, заедно со домаќинот Хрватска и Црна Гора.
Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота, прво со Хрватска (6 ноември), а потоа со Црна Гора (7 ноември).


Селекторот Ивица Обрван, својот прв собир со ракометарите го закажа за 2 ноември, а ќе се тренира во Скопје и во наредните три дена, заклучно со 5 ноември, за кога е предвидено патувањето за Хрватска.

На списокот се наоѓаат следните ракометари:
Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Никола Костески
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Никола Маркоски
Кирил Лазаров
Влатко Митков
Филип Миркуловски
Немања Прибак
Ацо Јоноски
Филип Лазаров
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Милорад Куковски

Инаку, покрај овој дел од подготовките во склоп на ЕХФ неделата, сениорите своите последни подготовки пред стартот на ЕП се очекува да ги започнат на крајот на декември 2015 година.
Во тој период пред почетокот на континенталниот шампионат, Македонија веќе има закажано уште два пријателски натпревари против Словенија во Кршко на 4 јануари и во Целје на 5 јануари.
Европското Првенство во Полска почнува на 15 јануари, а Македонија се наоѓа во силна група со Франција, Србија и домаќинот Полска.

 

Најново во Ракомет