Македонија се подготвува за дуелот со Турција

Филип Лазаров: Полн респект за секој противник

„Знам некои од играчите на селекцијата на Турција. Овие двајца играчи кои нема да дојдат се најдобрите, но во секој случај тоа е добро за нас“, вели Лазаров.

објавено: 22 октомври 2018 - 17:45

Еден од нашите репрезентативци кои извесен период помина во Туција и кој добро го познава турскиот начин на игра и кавлитет на првиот ривал во овој квалификациски цилус, Филип Лазаров, вели дека треба да им се даде полн респект на ривалите.

„Почеток е на нов циклус во една група со Исланд, Турција и Грција каде сме големи фаворити да ја поминеме групата, бидејќи две репрезентации одат понатаму. Се надеваме на добар старт. фаворити сме на овие дв амеча, не треба да се потцени ниту едне противник. Имаме потполн респект. Очекувам добра игра, добар настап и две победи. Шансите сега се поголеми за пласман од некои претходни квалификации и тоа треба да се искористи“.

„Знам некои од играчите на селекцијата на Турција. Овие двајца играчи кои нема да дојдат се најдобрите, но во секој случај тоа е добро за нас. Имаат добар тим, имаат млади ракометари, таму се вложува во ракометот и затоа не треба да се потценат во никој случај“, дополни Филип Лазаров.

Најново во Ракомет