МИСИЈАТА ЕП 2018 ПОЧНУВА, ШПАНЕЦОТ ЗНАЕ КОГА И КАКО

Формулата на Гонзалез е едноставна: Ако добро тренирате, тогаш натпреварите ќе бидат рутина

Предводникот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез и неговите избраници во следните пет-шест дена максимално ќе биде концентрирани кон градење на дел од тактиката за Европското првенство во Хрварска.  

објавено: 23 октомври 2017 - 18:18

Предводникот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез и неговите избраници во следните пет-шест дена максимално ќе биде концентрирани кон градење на дел од тактиката за Европското првенство во Хрварска.

И претходно за „Спортмедиа“, но и сега шпанскиот стратег објасни зошто одлучи да ги прескокне пријателските натпревари токму во овој период кога речиси сите останати екипи ќе играат контролни мечеви.

„Сакам да ја искористам оваа недела да тренираме. Подобро е отколку да имаме натпревари, бидејќи претходно не трениравме многу заедно. Мојот став е дека треба напорно да се тренира. За натпреварите потоа треба само да си фокусиран и да го покажеш она што си го тренирал, ако добро тренирате тогаш натпреварите ќе бидат рутина. Ова е многу добро за нас, цела недела ќе се дружиме
За пријателски натпревари има време во декември и во јануари, кога ќе биде вториот дел од подготовките“, изјави на собирот Раул Гонзалез.

Најново во Ракомет