ПОЗНАТА СИЛАТА НА НАШИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ХРВАТСКА

Германците беа и остануваат „фаворити на хартија“

Германскиот селектор Кристијан Прокоп ќе има и тоа како силен состав за ЕП во Хрватска, па на хартија дефинитивно ја оправдува фаворитската улога за првото место во групата Ц во Загреб. Крилото на ПСЖ, Уве Гензхајмер, како и голманот на Кил, Андреас Волф се само имиња за увертира во германскиот избор.

објавено: 5 декември 2017 - 18:10

Паралелно со изборот на Раул Гонзалез, дел од своите адутие ги открија и нашите противници во групата „Ц“ на Европското првенство во Хрватска.

Па така а пример, германскиот селектор Кристијан Прокоп ќе има и тоа како силен состав за ЕП во Хрватска, па на хартија дефинитивно ја оправдува фаворитската улога за првото место во групата Ц во Загреб.

Крилото на ПСЖ, Уве Гензхајмер, како и голманот на Кил, Андреас Волф се само имиња за увертира во германскиот избор.

Германија почетокот на подготовките ќе го има на 27 декември, а како последна проверка на силата пред ЕП ќе одигра двомеч со Исланд (на 5 и на 7 јануари).

ГЕРМАНИЈА – ПОШИРОК СПИСОК
ГОЛМАНИ: Силвио Хајневетер (Берлин), Андреас Волф (Кил), Јоханес Битер (Штутгард), Карстен Лихтлејн (Гумерзбах)
КРИЛА: Уве Гензхајмер (ПСЖ), Руне Дамке (Кил), Марсел Шилер (Гепинген), Патрик Грецки (РНЛ), Тобијас Рајхман (Мелзунген), Тим Хорнке (Лемго)
БЕКОВИ: Никлас Печковски (Лајпциг), Штефан Фат (Берлин), Филип Вебер (Лајпциг), Тим Кнојле (Гепинген), Каи Хафнер (Хановер), Фабијан Виде (Берлин), Штефан Вајнхолд (Кил), Франц Семпер (Лајпциг), Фин Лемке (Мелсунген), Максимилијан Јанке (Лајпциг), Јулиус Кун (Мелунген), Пол Друкс (Берлин), Маријан Михалчик (Минден)
ПИКЕРИ: Јаник Колбахер (Вецлар), Патрик Винчек (Кил), Хенрик Пекелер (РНЛ), Бастијан Рочек (Лајпциг), Ерик Шмит (Берлин) СЕЛЕКТОР: Кристијан Прокоп


Црна Гора се консолидираше
Драган Ѓукиќ, селекторот на Црна Гора може да биде и повеќе од задоволен бидејќи по сите „удари" и „потреси" кои ги доживеа црногорската репрезентација, тимот се консолидираше и се чини во најсилен состав ќе истрча во Загреб.

Противникот преку кој Македонија ги гледа своите шанси за место во главната фаза од првенството (истото го мислат и Црногорците за нас) подготовките ги започнува на 2 јануари, а ќе одигра два пријателски натпревар против Хрватска и Саудиска Арабија.

ЦРНА ГОРА – ПОШИРОК СПИСОК
ГОЛМАНИ: Небојша Симиќ (Мелсунген), Раде Мијатовиќ (Мешков Брест), Миле Мијушковиќ (Бенидорм), Миљан Вујовиќ (Горење В.)
КРИЛА: Милош Вујовиќ (Татабања), Мирко Мајиќ, Милан Поповиќ, Игор Марковиќ (36-Комло), Марко Ласица (Темишвар), Мирко Радовиќ (Чегледи), Лука Радовиќ (Војводина), Игор Радојевиќ (Естерхази)
БЕКОВИ: Вуко Борозан (Вардар), Милош Божовиќ (Татабања), Стеван Вујовиќ (Доброгеа), Даниел Вукичевиќ, Васко Шеваљевиќ (Трембле), Божо Ангелиќ (Спортинг), Жарко Пејовиќ (Горење В.), Богдан Петричевиќ (Анталиапор), Владан Липовина Хутенберг), Стефан Чавор (Вецлар), Иван Перишиќ (Чегледи)
ПИКЕРИ: Немања Грбовиќ (Чегледи), Вук Лазовиќ (Дунареа), Младен Ракчевиќ (Доброгеа), Небојша Симовиќ (Дабас), Марко Чампар СЕЛЕКТОР: Драган Ѓукиќ

 

Бронзените на Вујовиќ

По освојувањето на бронзениот медал на СП во Франција годинава (прв за Словенија на СП) нема сомневање дека Веселин Вујовиќ одново ќе сака да ја покаже својата големина, овојпат на европско тло.

Словенците се втор фаворит во нашето друштво, а и тимот со кој располага популарниот Вујо е импресивен. Се враќа и Деан Бомбач (поради повреда го пропушти СП), но во моментов имаат и неколкумина повредени ракометари, особено критична е десната бековска линија, каде и Јуре Доленец и Жига Млакар се повредени, но најавите се дека до ЕП сите ќе бидат фит.

СЛОВЕНИЈА – ПОШИРОК СПИСОК
ГОЛМАНИ: Матеж Скок (ППД Загреб), Урбан Лесјак (Целје), Урх Кастелиќ (ППД Загреб), Клемен Ферлин (Горење В.)
КРИЛА: Матик Вердинек (Горење В.), Марио Состариќ (Пик Сегед), Нико Медвед (Горење В.), Гаспер Маргуч (Веспрем), Блаж Јанц (Келце), Дарко Цингесар (ПАУК),
БЕКОВИ: Саша Баришиќ – Јаман (Нексе), Марио Безјак (Магдебург), Деан Бомбач (Келце), Нејц Цехте (Горење В.), Јуре Доленец (Барселона), Јан Гребенц (Горење В.), Ник Хенигман (Рико Рибница), Вид Кавтичник (Монпеље), Птрик Лебан (Нексе), Борут Мацковшек (Целје), Жига Млакар (Целје), Грегор Поточник (Горење В.), Алекс Влах (Копер), Миха Зарабец (Кил)
ПИКЕРИ: Блаж Благотиншек (Веспрем), Матеј Габер (Пик Сегед), Матик Сухолезник (Целје), Игор Забиќ (Висла П.) СЕЛЕКТОР: Веселин Вујовиќ

Најново во Ракомет