ДВЕ НАЈАВЕНИ ЗАДОЦНУВАЊА

ГЕРМАНЦИТЕ ПОСЛЕДНИ ВО СТРОЈОТ: Прозивката без Миркуловски и Талески

Македонската репрезентација, подготовките за бараж мечот со Романија за пласман на Светското првенство следната година ќе ги почне без Филип Миркуловски и Филип Талески. 

објавено: 2 јуни 2018 - 11:30

Македонската репрезентација во понеделник стартува со подготовките за бараж мечот со Романија за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Селекторот Раул Гонзалез прозивката ја закажа во 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“, а додека подоцна во салата „Борис Трајковски“ ракометарите ќе го одржат првиот тренинг.

Само двајца репрезентативци од повиканите 20 ќе доцнат на подготовките. Поради обврски кон Вецлар односно Рајн Некар, Филип Миркуловски и Филип Талески ќе го пропуштат првиот тренинг и ќе се приклучат во вторник. Нивните тимови во недела го играат последното коло во Бундес-лигата. Рајн Некар се надева на чудо, со победа против Лајпциг и пораз на лидерот Фленсбург на домашен терен против Гопинген може да го подигне шампионскиот пехар.

Инаку понеделник е резервиран и за нашите „медитеранци“. Ракометарите под водство на Роберто Парондо Гарсија ќе го одржат првиот тренинг. На списокот на шпанскиот стратег го нема Талески, но се најдоа Пешевски, Кузмановски и Ојлески, тие ќе бидат главните лидери на Медитеранските игри во Тарагона. 

 

Најново во Ракомет