Тренерот на Вардар е најсериозен кандидат

Гонзалес е прв избор за селектор на Македонија

Според одредени информации, тренерот на Вардар во наредните денови треба да одржи состанок со луѓето од РФМ околу можноста за да ја презеде нашата федерација

објавено: 20 март 2017 - 20:48

Раул Гонзалес е најсериозен кандидат за да ја превземе селекторската функција на нашата машка сениорска репрезентација.

Тренерот на Вардар во наредните денови треба да има состанок со раководните луѓе на Ракометната федерација на Македонија околу можноста за преземање на функцијата која остана испразнета по заминувањето на Лино Червар.

Преземањето на националниот тим од страна на Гонзалес, според одредени неофицијални информации за Вардар не би требало да претставува проблем, иако одобрување треба да дојде од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.

Доколку се биде како што треба, Гонзалес до крајот на оваа недела треба да биде претставен како нов селектор на Македонија.

Најново во Ракомет