СЕЛЕКТОРОТ ГО СКРАТИ СПИСОКОТ ЗА ИСЛАНД

Гонзалез ги „отпиша“ Прибак и Јоновски, само Борко „преживеа“

Македонскиот селектор, Раул Гонзалез ги објави скратениот список за претстојниот квалификациски дуел со Исланд за пласман на Европското првенство во Хрватска.

објавено: 26 април 2017 - 13:26

Македонскиот селектор, Раул Гонзалез ги објави скратениот список за претстојниот квалификациски дуел со Исланд за пласман на Европското првенство во Хрватска.

Шпанскиот стратег и покрај тоа што на поширокиот список ги врати Аце Јоновски и Немања Прибак, сепак одлучи да ги изостави. Единствен, кој преживеа од нив е голманот на Барселона, Броко Ристовски.

Собирот е закажан за понеделник со почеток од 09:30 часот во СЦ  „Борис Трајковски" во Скопје. Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го одигра на 4 мај со почеток од 20 часот, додека втората средба ќе се игра во Рејкјавик на 7 мај со почеток од 19:45 часот.

Најново во Ракомет