ГОЛМАНОТ НА БАРСЕЛОНА НА СПИСОКОТ НА НОВИОТ СЕЛЕКТОР

Гонзалез го врати Борко во репрезентацијата

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез во објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на ЕП во Хрватска. Новиот предводник на „црвено-жолтите“ го врати голманот на Барселона, Борко Ристовски. 

објавено: 20 април 2017 - 10:13

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез во објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на ЕП во Хрватска. Новиот предводник на „црвено-жолтите" го врати голманот на Барселона, Борко Ристовски.

Покрај него на списокот на нашиот национален тим се најдоа Ацо Јоновски и Немања Прибак.

ВО РЕПРЕЗЕНТАТИНИОТ СОСТАВ ПОВИКАНИ СЕ: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Филип Лазаров (Универзитатеа), Аце Јоновски (Бергишер), Немања Прибак (Бешикташ), Жарко Пешевски (Металург), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талевски (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (Загреб), Мартин Поповски (Вардар Ј.), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Марко Нелоски (Металург), Мартин Валковски (Металург), Никола Крстески (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитревски (Борец), Константин Петров (Металург), Кирил Колев (Пелистер), Владо Недановски (Вардар Јуниор) и Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор).

Најново во Ракомет