СЕЛЕКТОРОТ ОД ШПАНИЈА СПЕЦИЈАЛНО ЗА „СПОРТМЕДИА“

Гонзалез искрен: Немавме среќа, не знам како ќе ја минеме групата

Македонската ракометна репрезентација доби тешка група на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска. 

објавено: 25 јуни 2018 - 13:27

Македонската ракометна репрезентација доби тешка група на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Нашите момци ќе играат во Минхен, во групата Б против Хрватска, Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин. 

„Немавме среќа во ждрепката. Многу тешка група добивме, ќе бидам среќен ако ја минеме. Факт е дека во групите А и Б се најдобрите екипи на свет. Франција и Шпанија се топ екипи, Хрватска и Германија одлични, Исланд има млад, квалитетен тим, додека Русија полека го крева нивото.
Фокусот е на нашата група, која не знам како ќе ја минеме, а потоа ќе мислиме на евентуалните ривали од групата А. Имаме доволно време до јануари за да видиме во каква ситуација ќе бидеме и ние и нашите противници", изјави веднаш по ждрепката за „СПОРТМЕДИА", селекторот Раул Гонзалез.

Најново во Ракомет