Селекторот промовиран во просториите на РФМ

Гонзалез: Ќе се вложам максимално во репрезентацијата

„Благодарам на претседателот на Вардар Самсоненко што ми дозволи да сум тука, но, и до претседателот на РФМ за довербата. Јас ќе се вложам максимално како и секогаш“ изјави Шпанецот

објавено: 31 март 2017 - 13:22

Раул Гонзалез и официјално беше претставен како нов селектор на машката ракометна репрезентација. Ракометната федерација на Македонија со шпанскиот стратег потпиша договор со времетраење до септември, 2020 година.

„Благодарам на претседателот на Вардар, Сергеј Самсоненко што ми даде дозвола да преговарам, но, и до претседателот на Македонија за укажаната доверба. Ќе се вложам максимално како и секогаш. Кога си тренер сакаш да пробаш со многу играчи. Мислам дека нема да биде тешко вклопувањето бидејќи знам македонски и работам во близина. Не знам дали ќе го вратам Борко Ристовски бидејќи не сум целосно запознаен со ситуацијата, но, набргу ќе се реши тоа. Јас лично сметам дека можам да дадам добра работа за репрезентацијата“ изјави Гонзалез. 

„На седницата на УО едногласно одлучивме да биде Раул Гонзалез. Морам да го кажам моето задоволство кој е еден модерен светски тренер кој бележи одлични резултати со Вардар и сметам дека ќе успее да го имплементира системот со Македонија. Со Раул потпишавме договор од први април оваа година па до први септември 2020 годиона. По секој циклус ќе се договараме што и како ќе биде понатаму“ изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Првата активност, новиот селектор ќе ја има в среда на 5 мај кога Македонија на домашен терен ќе го пречека Исланд во рамките на квалификациите за Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Хрватска.

Најново во Ракомет