СЕЛЕКТОРОТ НА МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ МЕЧОТ ВО КОЖАНИ

ГОНЗАЛЕЗ: Ништо не функционираше, не треба да мислиме со колку ќе победиме!

Селекторот на најдобрата машка ракометна репрезентација, Раул Гонзалез е свесен поради новото слабо издание во квалификациите за ЕП 2020. Нападот и одбраната не беа на потребното ниво и дека не треба однапред да се мисли на триумфот, односно тоа треба да се докаже со добра и квалитетна игра на теренот.

објавено: 28 октомври 2018 - 18:19

од Кожани, Марија Ковачева

Фото, Петр Стојановски

Се враќаме поразени од Кожани, Гонзалез вели дека во овие први два меча недостасуваше и искусниот плејмејкер Филип Миркуловски.

„Одигравме катастрофално, исто како против Турција, ништо не се промени во нашата игра. Не функционираше ниту нападот, ниту одбраната. На почетокот бевме добри благодарение на Митревски, не искористивме неколку напади. Не треба да мислиме со колку ќе победиме, туку да имаме почит, да бидеме свесни дека противниците се добри, да играме тимски", изјави по натпреварот, селекторот на Македонија, Раул Гонзалез.

На овој меч дефинитивно недостасуваше Филип Миркулвоски, но за жал во овој момент Македонија нема соодветна замена за него.

Раул нема да менува многу во иднина кога станува збор за составот, тој смета дека ова се најдобрите ракометари.

„Не знам кој би можел да игра друг, тука се најдобрите. Миркуловски е многу важен за нас, знае да игра, неговото искуство е непроценливо. Но, кога не е тука, моравме да играме без него".

Најново во Ракомет