НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО ШПАНЕЦОТ СЕ ОДЛУЧИ САМО ЗА ТРЕНИНЗИ

Гонзалез: На ЕП мора да отидеме со лик и изглед, каков што јас посакувам

„Сите репрезентативци кои се на списокот ќе сметам сериозно на нив за Европското првенство во Хрватска“, изјави за „Спортмедиа“ Раул Гонзлаез.

објавено: 6 октомври 2017 - 14:51

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир за ЕХФ-неделата од 23 до 29 октомври. Шпанскиот стратег одлучи да го врати играчот на Бешикташ Немања Прибак, пред полетувањето за Сегед за „Спортмедиа“ изјави дека за Европското првенство ќе смета на сите репрезентативци кои се најдоа на списокот. 

"Сите репрезентативци кои се на списокот ќе сметам сериозно на нив за Европското првенство во Хрватска. Можеби на некого му е чудно што нема да играме натпревари, додека нашите противници ќе играат по два-три дуели во ЕХФ неделата, но јас сакам тој период да тренираме. Потребни ни се многу тренинзи за да може на ЕП да отидеме како екипа, со лик и изглед каков што јас посакувам, која ќе цели на високи резултати", истакна селекторот Раул Гонзалес по објавувањето на списокот“, изјави за „Спортмедиа“ Раул Гонзалез пред полетувањето за Сегед.

Најново во Ракомет