И ПОВРЕДЕНИТЕ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ВО ПОНЕДЕЛНИК

Гонзалез: Никој нема да биде дополнително повикан, имам доволна бројка за да одработиме квалитетно

Македонската репрезентација во понеделник го има првиот собир во рамките на ЕХФ-неделата. Иако во моментов неколку ракометари се жалат на повреди, предводникот на „црвено-жолтите“ нема никој дополнително да повика. 

објавено: 20 октомври 2017 - 12:55

Повредите на тројца ракометари отворија шпекулациии дека селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзлаез за ЕХФ-неделата од 23 до 29 октомври, дополнително ќе повика нов играч. Капитенот, Кире Лазаров веќе десетина дена одмора поради скинати мускулни влакна во абдоменалниот дел, Филип Кузмановски подолг период е надвор од терените поради проблем со стапалото и инфекција, додека Стојанче Стоилов, поради оток на коленото остана во Скопје и нема да биде во составот на Вардар.

И покрај ваквата ситуација ппанскиот стратег веднаш ги демнатираше ваквите информации и за собирот закажан за понеделник најави дека ќе се појават сите репрезентативци кои се најдоа на списокот.

„Сите ракометари што се најдоа на списокот за ЕХФ- неделата, ќе се појават на првиот собир. Тоа важи и за повредените Кирил Лазаров, Филип Кузмановски и Стојанче Стоилов. Столе има оток на коленото и на листот на ногата, но ќе може да тренира со тимот.
Што се однесува до Лазаров и до Кузмановски, ќе видиме каква е ситуацијата и в понеделник ќе знаеме колку ќе може да сметаме на нив. Сепак, мислам дека не е проблем, затоа што нема да играме натпревари, па нема потреба нешто непотребно да се форсира.
Најважно е да бидеме заедно, да тренираме и да се подготвуваме за она што следува", објасни селекторот на Македонија, Раул Гонзалез за „Македонски спорт“ и додаде:

„Никој нема да биде дополнително повикан. Имам на располагање 21 ракометар и без разлика каква ќе биде ситуацијата со повредените, мислам дека сме доволно за да одработиме квалитетно една недела".

Неделата на ЕХФ е првиот мини циклус од подготовките на сениорите за настапот на Европското првенство во Хрватска во јануари следната година. На барање на Гонзалез македонската репрезентација нема да одигра пријателски мечеви, овие денови ќе бидат искористени за тој да го креира изгледот на играта на тимот според своите желби.

Најново во Ракомет