ДУЕЛОТ ЌЕ СЕ ОДИГРА В НЕДЕЛА НА ТЕРЕНОТ ВО КОЖАНИ

Грците ги открија цените на билетите за мечот против Македонија (ФОТО)

Започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство 2020. година, во рамките од групата 3 на стартот Исланд како домаќин ја совлада убедливо Грција со 35:21.

објавено: 25 октомври 2018 - 18:30

Грците веќе се фокусираат на својот следен меч, а тој е закажан за в недела 28. октомври со почеток од 17:00 часот против Македонија во Кожани.

Како што известува Грчката ракометна федерација, цените на влезниците за тој натпревар се движат од 10-20 евра.

Да додадеме уште дека на овој меч судиска правда ќе делат Фабиан Баумгарт и Саша Вилд од Германија, а за ЕХФ делегат е назначен Томо Водопивец (Словенија).

Најново во Ракомет