ДЕНЕСКА ПРВА ОБВРСКА И ЗА НАШИТЕ АРБИТРИ НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ

Хорачек и Новотни ни судат против Јапонија

Денеска од 15:30 часот започнува официјално настапот на најдобрата македонска машка ракометна сениорска репрезентација на Светското првенство 2019 во Данска и Германија.

објавено: 11 јануари 2019 - 10:28

Прв противник на избраниците на селекторот Раул Гонзалез во рамките од групата Б во Минхен ќе биде Јапонија против која ќе ги бараат првите бодови кои ќе бидат важни за пласман во главната рунда.

Во меѓувреме познати се имињата кои ќе го судат денешниот меч, тие Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка кои се добро познати во нашата јавност и од натпреварите во Лигата на шампионите.

Ни судеа на СП 2013 кога загубивме од Исланд (19:23), како и на СП 2015 во поразот од Хрватска (26:29). Ни суделе и на ЕП 2014 повторно во пораз од Исланд (27:29), како и во победата над Грција (35:23) во баражот за СП 2015.

Воедно првата обврска на Мундијалот ќе ја има и нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои ќе делат правда на мечот во рамките од групата Д во Ројал Арената во Копенхаген меѓу селекциите на Египет и Шведска (20:30 часот).

Најново во Ракомет