СТРУЧНИОТ ШТАБ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ОСТАНУВА ИСТ

Хота е минато, Гонзалез го сака Парондо крај себе

„Парондо останува со мене. Хота дојде да помогне во Вараждин бидејќи таква беше ситуацијата, но тоа е се“, ни потврди селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез. 

објавено: 22 март 2018 - 17:15

Првиот собир по завршување на Европското првенство во Хрватска, македонската репрезентација ќе го има за време на ЕХФ-неделата (2-8 април). Во Скопје нема да ги видиме Ацо Јоновски, Филип Миркуловски и Немања Прибак, кои добија одмор, а додека во стручниот штаб нема да биде ниту Хота Гонзалез. Мисијата на шпанскиот стратег во националниот тим беше кратка, по Вараждин местото на помошник ќе го извршува Роберто Парондо. Раул Гонзалез и натаму сака да соработува со неговиот наследник на клупата на Вардар.

„Парондо останува со мене. Хота дојде да помогне во Вараждин бидејќи таква беше ситуацијата, но тоа е се. Продолжуваме со работа со Парондо", ни потврди селекторот Раул Гонзалез.

Македонската репрезентација ЕХФ-неделата ќе ја искористи за одигрување на пријателски натпревар против селекцијата на Русија, која подготовките одлучи да ги одработи токму во нашиот главен град.

 

 

Најново во Ракомет