Денеска ќе се знае кој ќе биде новиот селектор на Хрватска

Хрватите тврдат дека Червар е заинтересиран за нивни „изборник“ (ФОТО)

Иако вчера нашиот селектор истакна дека е фокусиран само на Македонија, хрватските медиуми упорно тврдат дека тој е заинтересиран за селекторската функција на „коцкестите"

објавено: 31 јануари 2017 - 13:08

Хрватската ракометна репрезентација денеска ќе го добие новиот селектор.

По шокантните порази од Норвешка во полуфиналето на Светското првенство и Словенија во мечот за бронза, Жељко Бабиќ е разрешен од таа функција.

Веќе неколку денови актуелно е прашањето кој ќе го наследи, а според медиумите од таа држава, како најсериозен кандидат се истакнува Лино Червар. Иако нашиот селектор и тренер на Металург тоа вчера го негираше, сепак, во оваа држава владее голем оптимизам кога станува збор за ангажирањето на Лино и Славко Голужа како негов помошник.

Во секој случај, за неколку часови ќе се дознае кој ќе биде новиот „изборник" на Хрватите кои се организатори на Европското првенство на стартот од идната година.

Најново во Ракомет