ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА ОД УПРАВНИОТ ОДБОР

Хрватска и без медал го сака: Лино Червар останува селектор

Управниот одбор на хрватската ракометна федерација го прифати извештајот на Лино Червар и донесе одлука да ја продолжи соработката со искусниот стратег. 

објавено: 14 февруари 2018 - 14:16

Лино Червар останува селектор на Хрватска. Управниот одбор на тамошната ракометна федерација го прифати неговиот извештај за завршеното Европско првенство и донел одлука тој и натаму да ја извршува функцијата предвоник на најдобриот национален состав.

Иако Червар не ги исполни очекувањата на јавноста и на континенталното натпреварување Хрватска остана без медал и го освои петото место, сепак се чини засега не може да се најде подобро решение на селекторската функција. 

Оваа одлука на ХРС најверојатно значи дека Червар нема да продолжи со Металург и покрај најавите дека ќе се врати на „кормилото“ на македонскиот тим. Челниците на тамошната федерација пред ЕП не му дозволија на искусниот стратег да го води Металург, дали договорот ќе остане ист останува да биде познато во најскоро време. 

Најново во Ракомет