КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Червар и Вардарци сакаат полна сала: Хрватите делат „гратиси“, мора да се урне Вујовиќ

Хрватска и Словенија денеска во Загреб ќе го одиграат вториот пријателски натпревар. Откако првата пресметка во „Стожице“ заврши без победник, домаќинот на Европското првенство е цврсто решен да дојде до победа, која ќе биде најава за спектаклот во јануари. 

објавено: 28 октомври 2017 - 10:05

Хрватската ракометна репрезентација по четири години се враќа во Арена Загреб, под водство на Лино Червар. Домаќинот на Европското првенство на кое ќе учествува и Македонија, вечерва на домашен терен ќе го одигра вториот пријателски меч со Словенија.

Откако влезниците за долниот дел од Арената за кратко време биле распродадени, тамошната федерација одлучи да ги отвори вратите за горниот дел од салата. На овој начин хрватските ракометари ќе имаат уште поголем мотив да дојдат до триумфот, кој им „избега" во „Стожице", откако судијата го поништи голот на Игор Карачиќ со звукот на сирената.

Вечерашниот меч ќе биде најава за она што ќе се случува во јануари, кога Хрватска ќе биде домаќин на Европското првенство. Нашата репрезентација која е во група со Словенија, Црна Гора и Германија, мечевите од првиот дел ќе ги игра токму во Арена Загреб која има капацитет од 15.000 места.

Најново во Ракомет