ИГРАЧИТЕ ОДЛИЧНО ГО ПОДНЕСУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ТОВАР

И со панцирите на грб, „летаат“ на терен (Видео)

Селекторот не ги штеди ракометари на подоготовките во Маврово  

објавено: 27 декември 2016 - 11:01

Како да одат на бојно поле. Ракометните репрезентативци ги облекоа панцирите и започнаа со утринскиот тренинг. Селекторот Лино Червар и пред новинарите го промовираше новиот метод на подготовки. Панцирите треба да помогнат играчите во подготвителниот период да ја добијат посакуваната кондиција за турнирсниот систем на натпреварување. 

На Мундијалот во Франција Македонија ќе одигра пет мечеви во групната фаза и тоа за само седум дена против репрезентации како Тунис, Ангола, Исланд, Словенија и Шпанија. 

Најново во Ракомет