Претседателот на ИХФ испрати официјално писмо до РФМ

ИХФ го поздрави реизборот на Мукаетов (ФОТО)

Интернационалната ракометна федерација на чело со претседателот Хасан Мустафа испрати официјално писмо до РФМ во кое се честита за реизборот на Живко Мукаетов за прв човек

објавено: 10 февруари 2017 - 17:00

Претседателот на Интернационалната ракометна федерација, Хасан Мустафа со официјално писмо до РФМ го поздрави реизборот на Живко Мукаетов за претседател.

Во истото стои дека ИХФ верува дека ќе продолжи напредокот на овој спорт во Македонија, Мустафа исто така и посака голем успех на нашата федерација. Воедно, испрати и искрени честитки до претседателот Мукаетов и Генералниот секретар, Филип Милошевски.

Како што е познато, старо-новиот претседател на РФМ во вторникот со акламација од страна на сите делегати ја доби довербата и во наредните четири години.

Најново во Ракомет