„ЗЕЛЕНИТЕ“ НЕ МИРУВААТ

Ирански џин го засили Пелистер

Пелистер продолжува со засилувањата на следната сезона. 

објавено: 25 јуни 2018 - 10:46

Станува збор за иранскиот репрезентативец, Мохсен Карамиан, кој е роден во 1995 година и игра на пикерската позиција. Тој во неговата земја е познат како „ракометен џин“, висок е 199 сантиметри, а тежок 110 килограми. 

Челниците на клубот претхпдно ја продолжија соработката со Кире Митревски, Васко Димитровски и Реваз Чантурија на уште една година, како и со Никола Ивановски и Костадин Петров. Во следната сезона дресот на битолчани ќе го носат уште и Милош Рајчиќ, Милан Поповиќ и Харис Плех.

Најново во Ракомет