ЕХФ ШАМПИОНАТ У18 ВО ГРУЗИЈА, ПОЧНУВА ДЕНЕСКА

КАДЕТИТЕ СЕ НА ПОТЕГ: Прво на мегдан со Литванија

Репризата на успехот на младинците и пласман на ЕП 2020, машката кадетска репрезентација на Македонија ќе се обиде да направи на ЕХФ Шампионатот во Тбилиси, Грузија, кој стартува денеска и ќе трае до 19 август.

објавено: 10 август 2018 - 11:00

Репризата на успехот на младинците и пласман на ЕП 2020, машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Данило Брестовац ќе се обиде да направи на ЕХФ Шампионатот во Тбилиси, Грузија.

Прва на патот им стои Литванија, со која кадетите се соочуваат попладнево, 13 часот и која ќе биде прв тест за момците на Брестовац.

„ЕХФ Шампионатот е прв тест за оваа генерација на која допрва и следат големи предизвици. Оптимист сум и и покрај скромното искуство верувам во нивните квалитети и дека може да не израдуваат како и младинците пред 15-тина дена.
Литванија ни е првата пречка, имаме слика за сите противници и се надевам дека со добра игра и примена на тактиката ќе го креваме нивото од меч во меч", објасни селекторот Данило Брестовац.

Македонија е дел од група А, заедно со Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург. Во групата Б играат Белорусија, Италија, Финска, Грузија и Грција. Најдобрите две селекции од двете групи ќе се вкрстат во полуфиналните мечеви, а победникот во финалето ќе обезбеди пласман на ЕП 2020.

ЕХФ ШАМПИОНАТ У18
ГРУПА А, РАСПОРЕД
1.КОЛО (10.08.2018)
Македонија – Литванија
2. КОЛО (11.08.2018)
Луксембург – Македонија
3. КОЛО (13.08.2018)
Фарски О. – Македонија
4. КОЛО (14.08.2018)
Македонија – Швајцарија
5. КОЛО (16.08.2018)
Македонија – Естонија

 

Најново во Ракомет