ГИ ЧЕКА МНОГУ РАБОТА

Кадетите со три порази се враќаат од Романија

Македонската кадетска репрезентација со три порази се враќа од меѓународниот турнир во Васлиу. На последниот меч беа совладани со убедливи 32-25 од Украина. 

објавено: 17 декември 2017 - 13:15

Македонската кадетска репрезентација со три порази се враќа од меѓународниот турнир во Васлиу. На последниот меч беа совладани со убедливи 32-25 од Украина и завршија на последното место.

Играта во второто полувреме и на оваа средба беше проблем за „црвено-жолтите“, добро се држеа до второто полувреме, имаа негатива од само еден гол (15-14), но по одморот одбраната целосно потфрли. 

На отварањето „црвено-жолтите" беа поразени од Израел со 29-27, следниот ден не успеаја да ги корегираат грешките ниту против Романија (27-26).

Овој турнир е дел подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот што во јули 2018 година ќе се игра во Грузија, како и за Светското Првенство за оваа генерација што во 2019 година ќе се игра во Скопје.

Македонија – Израел 27:29 (16:12)
Македонија – Романија 26:27 (16:14)
Македонија – Украина 25:32 (14:15)

 

Најново во Ракомет