АТМОСФЕРАТА Е НА ВИСОКО НИВО

Капитенско селфи на Кире пред мечот со Тунис

Играчите се подготвени за првиот предизвик наречен Тунис, а по мечот се надеваме на ново победничко селфи од соблекувалната

објавено: 12 јануари 2017 - 10:08

Македонските ракометари се подготвени и одлично расположени пред денешниот меч против Тунис, на стартот од Светското првенство во Франција. Капитенот Кирил Лазаров направи утринско селфи на доручекот, најавувајќи дека ова е ден за почеток на нов Мундијал. 

Покрај Кире, на масата се и сите оние од кои се очекува да бидат главните носители на товарот на планетарниот собир. Ние само можеме да им посакаме вакво селфи, во победнички стил, да има и од соблекувалната, по средбата со Тунис.

Најново во [Спортмедиа]