„ХОРИА ДЕМЈАН“ ВО КЛУЖ ПОЛУПРАЗНА

ЌЕ ИМАМЕ ПОДДРШКА: Македонските навивачи во сала, Романците незаинтересирани (ФОТО)

Околу 30-тина македонски навивачи меѓу ќе го бодрат нашите репрезентативци во Клуж

објавено: 13 јуни 2018 - 17:14

Од Клуж,

Марија Ковачева

Македонската репрезентација ќе има поддршка од околу 30-тина фанови во „црвено-жолто“ на трибините во „Хориа Демјан“ во Клуж за реванш мечот со Романија за пласман на СП 2019.

Меѓу навивачите се и македонскиот амбасадор во Романија, Слободан Узунов, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Каевски.

Дел од навивачите во Клуж допатуваа дури од Дојран, специјално да ги бодрат репрезентативците во реваншот со Романија.

Салата која има капацитет од 2.500 седишта, најверојатно нема да биде исполнета, со оглед на тоа дека Романците делуваат незаинтересирано за мечот, а според продадените билети, не би требало да имаат повеќе од 1.000 поддржувачи.

Најново во Ракомет