ПОЧНУВА ПРВИОТ ДЕЛ ОД МИСИЈАТА ЕП 2018

„Командантот“ Раул денеска прозива

Македонската репрезентација денеска ќе го има првиот собир во ракмите на ЕХФ-неделата, која е прв мини циклус во подготовките за Европското првенство во Хрватска, во јануари следната година.   

објавено: 23 октомври 2017 - 13:35

Македонската репрезентација денеска (16:30 часот) ќе го има првиот собир во ракмите на ЕХФ-неделата, која е прв мини циклус во подготовките за Европското првенство во Хрватска, закажано за во јануари следната година. Селекторот Раул Гонзалез повика вкупно 21 ракометар, а според најавите на денешниот собир ќе бидат и капитенот Кирил Лазаров, бекот на Металург, Филип Кузмановски, како и вардаровиот пикер Стојанче Стоилов, кои се на листата на повредени. 

На барање на шпанскиот стратег, нашиот најдобар национален тим нема да одигра пријателски натпревари, како повеќето репрезентација, Гонзалез овој период ќе го искористи за спроведување на новите тактички замисли. 

Во составот се врати Немања Прибак, а додека новитет е голманот Јане Цветковски. Гонзалез истакна дека сериозно ќе смата на сите ракометари кои се најдоа на списокот. Македонската репрезентација во групната фаза на Европското првенство силите ќе ги одмери со Словенија, Црна Гора и Германија.

СПИСОК РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски 

Најново во Ракомет