СРЕДНИОТ БЕК ТРЕНИРА НАДВОР ОД СТРОЈОТ

Крстевски се пожалил на болки во коленото, но ќе стисне „заби“

Средниот бек Горан Крстевски работи индивидуално, со намален интензитет откако се пожалил на проблеми во коленото по првиот меч со Катар.

објавено: 14 јули 2017 - 16:15

Средниот бек Горан Крстевски работи индивидуално, со намален интензитет откако се пожалил на проблеми во коленото по првиот меч со Катар.

„Мора да внимаваме на ситуацијата на Горан Крстевски, кој по првиот натпревар се пожали на болки во коленото. Физиотерапевтот го третираше, тој има проблеми со 'рскавицата на менискусот, но мислам дека ќе биде добро. Важен играч ни е во ротацијата и во одбрана и во напад и сериозно сметам на него и се надевам дека ќе биде добар и ќе го имам на располагање за првенството", потенцира Илија Темелковски.

Бекот е дециден, ќе стисне заби.

„Имам мали проблеми со коленото ама ќе издржам, ќе стиснам заби. Затоа сум тука, СП не се игра секоја ден. Не е ништо страшно, ќе бидам подготвен за Алжир", оптимистички гледа репрезентативецот Горан Крстевски.

Најново во Ракомет