ШПАНЕЦОТ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДЕ ТАКА ЛЕСНО

Лазаров: Пасквал блефира!

Чави Пасквал во Скопје потенцира дека Романија може да заборави на враќање на големите натпреварувања по долга пауза.

објавено: 13 јуни 2018 - 11:07

Од Клуж, Марија Ковачева

Во Романија, поточно во Клуж дефинитивно на никого не му е дојдено до ракомет. По поразот во Скопје од 32-28 и медиумите како да спласнаа, ретко каде може да се прочита дека денеска во овој град се игра бараж дуел за пласман на СП.

Исто како и пред првиот меч, противникот во тајност се подготвува за реваншот, на кој ќе има тешка задача, да ја анулира негативата од осум гола разлика. Чави Пасквал во Скопје потенцира дека Романија може да заборави на враќање на големите натпреварувања по долга пауза.

Но, оваа изјава има своја позадина. Филип Лазаров предупредува дека шпанскиот стратег блефира и дека сигурно ќе направи сè за да Романија дојде до победа изразена во посакуваната позитива.

"Ќе биде доста тешко да се игра во Клуж, бидејќи Романците не го дадоа својот максимум во Скопје. Знаеме дека е доста тешко да се игра во Скопје, сигурно дека ќе одиграат многу подобро на свој терен. Имаме солидна разлика но сепак мислам дека ни треба уште една добра партија за да го потврдиме пласманот на уште едно првенство. Мислам дека Пасквал блефира, Романија ќе стори се што е во нејзина моќ да се обиде да ја достигне разликата од првиот натпревар, бидејќи се ракометна нација која доста вложува во ракометот. Очекуваа подобар резултат и во Скопје меѓутоа ние покажавме дека сме во топ 10 репрезентации во светот, по што направивме солидна предност која треба да ја одбраниме на реваншот", заврши Филип Лазаров.

Најново во Ракомет