Репрезентацијата полека се комплетира

Лазаров, Стоилов и Маркоски влегоа во репрезентативен „погон“

Тројцата наши интернационалци од денеска се во Маврово и со тоа се ставија на располагање на селекторот Червар

објавено: 22 декември 2016 - 15:39

Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Никола Маркоски денеска се приклучија на тренинзите на ракометната репрезентација на Македонија во Маврово. Тројцата интернационалци му се ставија на располагање на селекторот Червар, а до крајот на денот тоа ќе треба да го стои и Влатко Митков. Утре на репрезентацијата ќе се приклучи и Велко Маркоски. За целосно комплетирање на селекцијата ќе почекаме до наредната недела, кога во Маврово треба да се појават и Дејан Манасков и Филип Миркуловски.

Нашата репрезентација од вторникот се наоѓа во Маврово, каде што го одработува првиот дел од подготовките. Тимот таму ќе остане до 30 декември, додека вториот дел ќе биде на самиот почеток на јануари.

„Црвено-црните" кон Франција ќе се упатат на 10. јануари, додека два дена подоцна против Тунис ќе го одигра премиерниот меч на Светското првенство во Франција.

Најново во Ракомет