Хендикеп за нашата селекција

Македонија без Крстевски и Јагуриновски на Португалија

Бекот ја повредил ногата, додека десното крило се здоби со потрес на мозокот на вечарашната средба против Португалија

објавено: 5 јануари 2017 - 17:44

Голем хендикеп за нашата млада ракометна репрезентација која денеска против Португалија ќе биде без Томислав Јагуриновски и Горан Крстевски. Двајцата наши ракометари се здобија со повреди на вчерашниот меч против Полска.

Јагуриновски, кој игра на десната крилна позиција во еден од дуелите заработил потрес на мозокот, додека бекот ја повреди ногата.

Илија Темелковски во мечот кој почнува за неколку минути и ќе биде одлучувачки за првото место во групата, на располагање ќе има 14 ракометари.

Најново во Ракомет