Нашата репрезентација e подготвена за Мундијалот

Македонија ветува „гинење“ на терените во Франција

„Задоволен сум од подготовките, играчите дадоа максимум и нема што да се забележи. Во Франција треба да го оставиме срцето на терен и да играме на секој натпревар со голем ентузијазам" изјави селекторот

објавено: 9 јануари 2017 - 13:30

Македонската ракометна репрезетнација вечерва со автобус од Скопје до Софија ќе ја започне својата Мундијалска авантура. Како што е познато, крајната наша дестинација е Мец, каде што се очекува да пристигнеме утре околу пладне.

Во вечерните часови ќе го одработиме првиот тренинг и ќе можеме да се запознаеме со салата. Селекторот на ракометарите Лино Червар, заедно со Кире Лазаров, Филип Миркуловски како и директорот на репрезентацијата Чакаревски се обратија пред јавноста.

„Подолго време се подтотвувавме за овој настан. Одработивме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Иако не бевме комплетни во Маврово, бидејќи имавме играчи кои што оправдано доцнеа.

Најважно од се е што физички, психолошки и тактички добро се подготвивме, а тоа на самите средби ќе се покаже дали е доволно. Заминуваме во една мирна атмосфера и ќе се надигруваме со противниците. Најважно од се е како играчи да му веруваме на селекторот. Мојата амбивија е поголема и потсвесно се надевам дека можеме да се надигруваме со големите репрезентации. Најважно е што ние сме спреми како никогаш до сега. Нема да се предадеме против ниту еден противник и потсвесно треба да размислуваме за победа" изјави капитенот Кире Лазаров.

ЛИНО ЧЕРВАР: МОРА ДА СЕ ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕНОТ

„Драго ми е што има толку новинари. Беа тоа тешки подготовки, како што знаете. Многу работевме во Маврово и во Скопје со голем ентузијазам и волја. Желбата да дадат многу за својата репрезентација е голема. Секој играч даде максимум на подготовките и стварно немам замерки. Ова е нов пат, нов олимписки циклус и полека создаваме нова репрезентација која сонува да настапи на Олимписките игри. Тоа не е можно преку ноќ. Можеби до некаде е добро што не сметаат за аутсајдери во Франција, но, ние нема да излеземе со бело знаме и да се предадеме на теренот. Ќе се бориме до последен момент, тоа е само по себе победа. Доколку оствариме добар резултат тоа ќе биде дополнително добро. Треба да го оставиме срцето на теренот, а ракометарите да прикажат максимална борба" изјави селекторот Лино Червар.

МИРКУЛОВСКИ: ВО ФРАНЦИЈА БЕЗ ПРИТИСОК

„Пропуштив дел од подготовките на Маврово, но, мислам дека сме добро подготвени. На овој Мундијал ќе патуваме без притисок и треба да ја играме само нашата игра. Досега на претходните ЕП и СП целта ни беше да ја минеме групата, па, така е и сега. Имаме промени во играчкиот кадар и доста млади играчи. Ние поискусните не треба да чувствуваме притисок околу тоа, напротив треба да одиграме опуштено. Со една тимска игра и хемија да изградиме резултат. Првиот меч против Туни се важен и имаме посебни мотиви против нив бидејќи ни ги одземаа Олимписките игри" изјави Миркуловски.

 

Најново во Ракомет