ПОЗНАТИ СЕ ПРОТИВНИЦИТЕ

Македонија ќе игра против Грција во квалификациите за ЕП 2020 година

Македонската репрезентација своето учеството на Европското првенство 2020 година ќе го бара против Турција, Исланд и Грција.

објавено: 12 април 2018 - 19:56

Македонската репрезентација своето учеството на Европското првенство 2020 година ќе го бара против Турција, Исланд и Грција. Раул Гонзалез и неговите избраници се најдоа во групата 3, во која натежок противник е селекцијата на Исланд, противник со кого се сретнавме во претходните квалификации, на домашен терен го совладавме со 30-25, додека на гости бевме поразени 30-29.

Со Труција пак имаме играно во 2006 година, исто во квалификациите, Македонија ги доби и двата дуели. Со Грција се сретнавме во баражот за СП 2015, секако бевме подобри, славевме со 35-23 и 27-25.

Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи, од кои најдобрите две репрезентации како и четирите најдобри третопласирани ќе обезбедуваат пласман на ЕП кое за прпат ќе го организираат три Федерации -  Шведска, Австрија и Норвешка.

Во квалификациите ќе бидат вклучени 32 репрезентации, кои ќе се борат за 20 преостанати места за ЕП. Покрај репрезентациите на тројцата организатори, Шпанија како актуелен европски првак е единствениот тим, кој директно ќе обезбеди пласман.

Квалификациите ќе се одвиваат во три термини, 24-28 октомври 2018, 10-14 април 2019, како и 12-16 јуни 2019.

Група 1: Израел, Полска, Германија, Косово.
Група 2: Швајцарија, Србија, Хрватска, Белгија.
Група 3: Турција, Исланд, Македонија, Грција
Група 4: Летонија, Холандија, Словенија, Естонија.
Група 5: БиХ, Чешка, Белорусија, Финска.
Група 6: Литванија, Португалија, Франција, Романија.
Група 7: Словачка, Русија, Унгарија, Италија.
Група 8: Украина, Црна Гора, Данска, Фарски Острови.

 

Најново во Ракомет