ЕХФ РАНКИНГ

Македонија на 14. место во Европа

Машките македонски репрезентации се најдоа на 14. место на најновата ранкинг листа на Европската ракометна федерација.

објавено: 6 јануари 2017 - 09:45

Иако од Европската ракометна федерација (ЕХФ) сè уште не го официјализираа последниот ранкинг на репрезентациите, сепак списокот излезе во јавноста.

Според најновиот ранкинг, машките репрезентации на Македонија (У18, У20) и сениорската репрезентација го заземаат солидното 14 место во Европа, со 122 освоени бода, најмногу од ЕП во Полска.

На првото место е новиот европски првак Германија со 308 бода, пред Шпанија и Хрватска, и Франција која се најде на четвртото место.

Ранг листа: 1. Германија (308), 2. Шпанија (284), 3, Хрватска (272), 4. Франција (264), 5. Данска (228), 6. Норвешка (220), 7. Полска (182), 8. Шведска (170), 9. Исланд (164), 10. Словенија (156), 11. Русија (148), 12. Унгарија (134), 13. Србија (128), 14. Македонија (122) , 15. Белорусија (112)....

Најново во Ракомет