Успешна прва контрола

Македонија на резерва до лесна победа

Нашата репрезентација прикажа благодарение на фуриозниот прв дел ја победи Босна со 28:24. Следуваат уште две контроли против БиХ, но од затворен тип

објавено: 3 јануари 2017 - 19:22

Фуриозен почеток а потоа и големи тактички рокади. Македонската репрезентација ја победи Босна и Херцеговина со 28, во првиот од трите контролни средби.

Во првите минути прикажавме и најдобра игра, а како потврда на тоа беше и водството од 8:2. Противникот тњшко наоѓаше решение за нашата игра, но потоа Червар со неколку тактички варијанти пробуваше во нападот. Така, на полувреме заминавме со предност од 16:11.

Во второто полувреме нашиот селектор дополнително ги размеша "картите" и тоа чинеше дополнително намалување на водството. Во 52. минута, Босанците успеаја да намалат на три негатива (25:22).

Сепак, до крајот успеавме да ги одбијеме нападите на противникот, а дефинитивно најубавата акција ја одигравме во самипт финиш. Манасков ја дофрли топката на спротивната страна до Георгиевски, а овој го погоди голот, како круна на вечерта.
Конечниот резултат на крајот изнесуваше 28:24.

Најефикасен ракометар на теренот беше Манасков со седум голови. Следуваат уште две контроли против Босна, но од затворен тип.

Најново во Ракомет