Втора победа во подготовките

Македонија по втор пат подобра од Босна

Сениорите во вториот контролен меч победија пред затворени трибини во салата "Автокоманда" со 35:31

објавено: 4 јануари 2017 - 21:58

Машката сениорска ја оствари втората победа над Босна и Херцеговина, овој пат со 35:31 во рамките на подготовките за претстојното е еднаш се покажаа подобар од своите противници.

Втора победа за Македонија во контролните средби против Босна и Херцеговина. Пред затворени трибини сега во салата во "Автокоманда", нашите ракометари беа подобри со 35:31.

Момците на Червар на полувремето имаа водство од 19:17. На крајот, Македонија зголеми за плус два и триумфираше со 35:31.

Најефикасен ракометар кај нас беше капитенот Кире Лазаров со седум голови.
Следува уште еден затворен меч против Босна, кој ќе се игра утре, исто така во Автокоманда.

Најново во Ракомет